наместо
предговор
Очекував една поинаква „Голема градба“.
Очекував нешто што би наликувало на
планина изградена од древни јазици и
современи загатки. Некоја ововременска
Кула Вавилонска... Но, требаше да
отстапам повеќе од неколку чекори за
да ја видам Големата Градба во сета
нејзина великост: не планина, а масив,
излеан од говор, со загатки и од-говори,
еден храм на мислата исполнет (но
никогаш не и преполн!) со таинствени
одаи што само на внимателниот му го до-кажуваат
патоказот. Тоа се одаи што не се нужно
линеарно поврзани, иако ако во некоја
од нив стигнете со прескок, може да се
најдете затечени од помислата дека
тука нешто недостасува - ѕид ли,
прозорец ли... Но, без грижа: Големиот
Мајстор не заборавил на овие
градителски елементи - тој само ги
затскрил зад некој непредвидлив агол,
зад некој таинствен превез, зашто
радоста на откривањето е поголема од
радоста на слепото следење.
Ве
оставам сами со оваа книга.
Игор Исаковски
главен и одговорен уредник на „Блесок“
Содржина: